Tuesday, February 8, 2011

ГЕЈМ ПЛАН

Отакако врзавме три меча и успеав да го прегледам натпреварот со Милан на Сан Сиро годинава од групната фаза, сакам да го истакнам начинот на игра на Реал Мадрид и добитната комбинација со која може да се нижат успеси и трофеи. Зошто го споменав мечот на Сан Сиро? Според мене тоа е најдобриот натпревар кој сезонава го одигравме од апсект на фудбалска филозофија. Едуардо Инда како еден од најдобрите аналитичари и уредник на МАРКА како и Жозе Мурињо пред извесно време почнаа да потенцираат, едниот преку својот видео блог другиот преку интерпретација на терен што е она што Реал Мадрид треба да го одигра во секој меч. По мечот на Камп Ноу па се до оној на Медитеранео со Алмериа играта беше на ниво исто како и ланската сезона и тоа за мене беше воочливо, но штета што оние кои диригираат и имаат влијание релативно доцна го увидоа. Што е тоа?

Играта на Реал Мадрид ланската сезона се базираше исклучиво на Роналдо кој сам успеваше да ги реши мечевите, но оние против послабите екипи. Овој кризен период се очекуваше само на него, во буквален смисол, дај му ја топката на Роналдо и сам нека трча и што ќе направи направи. Годинава имаме уште еден крилен фудбалер Ди Мариа но на важните мечеви тој повеќе одмагаше отколку што беше корисен.

Играта по крила мене не ми се допаѓа, особено кога нивната функција е продирачка по крило кон средината на шеснаесетникот и создавање позиција за гол а без дистрибуција на квалитетен центаршут или во случајов со Реал Мадрид скоро и без постоење на игра со нафрлање од крило. Земање на топката некаде околу средината и трчање спринтови од 30-40 метри на Роналдо или Ди Мариа е апсолутно стерилна против силни екипи. Просто е недозволиво играта да се базира на таков начин. Ди Мариа не е класа за Реал од неколку причини. Прво е технички неспретен и покрај брзината со која располага, премногу се сплеткува со топка, не е стабилен во тркот, нема дриблинг и никаков центаршут. Нема сила со која би можел да издржи дуел и е преслаб кога противникот игра многу блиску до него. На Камп Ноу беше смешен, прво преинпресиониран од дербито а поради неговите карактеристики нит корисен во напад а уште помалку во дефанзива.

Со ваква игра останатиот дел од екипата делува како и воопшто да не игра. Учинокот на Озил, Алонсо, Лас, Кедира па сега и Кака е просечен. Еве за илутрација ќе земем нешто посвежо. На мечевите со Севиља комплетната екипа се движеше и во напад и во одбрана. Не се форсираше таа игра преку крилата, имаше кратки проигрувања и трансформацијата од одбрана во напад се развиваше преку средината на теренот. Во таква ситуација и убоитоста на крилата е многу поголема, бидејќи топката ја примаат некаде околу опасната зона и имаат многу опции за игра, со дриблинг до позиција за удар или пак пас некаде пак околу средината во и околу шеснаесетникот кон слободен фудбалер кој во зависност од креативноста скоро секогаш може дасоздаде опасност кон противничкиот гол.

Токму затоа Месут Озил беше брилијантен на почетокот на сезоната и како и сега во деулите со Севиља и Сосиедад. Кака одигра одлично во Неделата исто поради фактот што екипата стрпливо гради игра и играчите од средината и нападот се вклучени во скоро секоја акција.

Доколку овој стил на игра се усовршува и секој фудбалер има своја подеднаква важност во одбраната и нападот, екипата игра компактно на секој дел од теренот, се врши интелигентен пресинг на секој слободен противнички фудбалер би можеле да се надеваме на успех и во ЛШ и на Местаља против Барса.

Ова е кратко нафрлање на некои сегменти кои теба да се забележат во играта и преку тие параметри да се следи способноста на екипата за освојување трофеј годинава.

* Трошењето на мегабајти на интернет е привилегија и се користи умно и нтелигентно. Пацерски коментари се отслик на капацитетот на личноста која ги остава. Се коментира на нешто што е поставено како тема. Кога некој ќе те праша како се викаш не му одговараш како го имаш добиено името или како би сакал да се викаш. Ако немаш што да кажеш на конкретно поставеното прашање не ја истакнувај својата неукост и ограниченост, подобро премолчи. Сексуалниот набој или фрустациите не се трошат на прозорчето за коменитање, има други начини.










Wednesday, January 26, 2011

Тајната на успехот- Барселона



Прекомандуван од втората екипа, во својата прва сезона како тренер на првио тим Гвардиола успеа да освои се што можеше да се освои, 6 трофеи и многу симпатии низ целиот Свет. Првата реченица крие многу тајни и ништо не е случајно ниту пак вонземски, зад се се крие многу работа, труд и визија, склоп на многу нешта кои го даваат финалниот впечаток.

Јохан Кројф како тренер ги постави основите на тоталниот фудбал со формација 4-3-3 а се понатаму е историја или светла иднина на Барса. Многумина го примениле овој систем на игра но системот е повеќе од бројки и поставеност. Системот 4-3-3 на Барса трпел доста промени и еволуирал нормално како и самата фудбалска игра. Она што е Барса денес е создавано комплексно. Сите можат да увидат што Барселона игра, малку можат на тоа да парираат а уште помалку тоа да го применат. Зошто?

Во младиснките категории се регутираат години и години фудбалери со ситна градба, фудбалери кои се исклучително подвижни, цврсти, жилави, со природен капацитет за кондициска издржливост и неверојатно интелигентни. Фудбалери кои имаат особен трзај од место и продорност во тркот. Пред се деца кои се воспитани, дисциплинирани и скромни по природа. Деца кој максимално се подредени на она што им се презентира и потребно е да го научат и стекнат како вештина, трпеливо и трудољубиво. Токму такви денес се Чави , Иниеста, Меси, Педро. Но само една од овие набројани особини ако отсуствува или со текот на годините се измени тогаш мисијата за од малдо момче да се стигне до супер фудбалер често завршува со неуспех. Стекнатата вештина тешко може да се изгуби, но дисциплината и трпението секако да. Се сеќава некој на Џовани Дос Сантос, Мексиканчето кое многу брзо сакаше да се вивне во облаците. Случајот со Бојак Кркич е исто така еден од оние кога фудбалерот се покажува неблагодарен и е нетрпелив. За среќа татко му на Бојан е интелигентен човек кој навреме му ја затвори устата и го принуди да ја наведне главата пред Јосеп.

Сите овие карактеристики кои ќе изградат еден фудбалер и ќе го однесат успешно до повозрасните категории се предодредени за успех. Сите младински категории на Барса од петлиња до прв тим тренираат по една иста програма нормално со различен интензитет. Затоа и толку лесно кантерашите се вклопуваат во првата екипа во релативно краток период од година дена. Тука лежи одговорот на првата теза, како Јосеп успеа во првата сеозна да презентира супер фудбал и да освои 6 трофеи. Ја замени само својата титула но не и филозофијата која тој ја усовршувал во ниските категории со голем дел од денешните првотимци.

Играта на терен и поседот на топката се исто така резултат на сите карактеристики кои беа набројани погоре. Играта со кратки додавање изискува многу трчање подвижност на комплетната екипа. Во Барселона има дефанзивци , среден ред и напад само на хартија, целокупнтата екипа се движи во двата правци во текот на 90 минути. Креацијата на играта почнува од дефанзивците и се шири трпеливо во сите правци. Во играта има премногу мешање на позициите , укрстувања и страшна интелигента перцепција. Има зацртан редослед на движење на топката, која преку средниот ред се дистрибуира до напад па се враќа назад , со цел извлекување на противникот. Нема спринтови и трчање со топка.Кога противникот игра бункер топката кружи во еден лак , при што играчите од средината или пак некој од штоперите брзо се урла да прими евентуана топка која би била протната низ густата одбрана. и сето тао функционира. Значи кога противникот се брани со 10 фудбалери во поле, нападот на Барса е составен од 10 фудбалери. Техничката перфекција со топка и играта на прва е толку едноставна исто така поради физичкиот и психолошкиот профил на фудбалерите.

Дефанзивата почнува од напаѓачите со пресинг и безкомпромисност. Може да се примети дека фудбалерите на Барса во секој меч играат по еден принцип. Нема маркирање на простор и противнички фудбалер кога топката е во негови нозе. Има буквално игра со која се оди диркетно во нога да му се одземе топката. Затоа толку тешко некој успева да ја зачува топката и поседот против Барселона. Со тоа се предизвикува и страв и приотисок на противниците што разултира со грешки и неможност за трансформација на сопствената игра.

Но дали тоа е толку лесно како што е напишано. НЕ. Тоа е пак резултат на физичкиот профил на овие фудбалери. Ибра е класичен пример за тоа па и супер фудбалер како Анри. Ибра е класичен робусен шпиц кој нема капацитет за размислување кога е во опасна зона, не му е природно да ја враќа топката наназад, да смени одлука кога намислил да шутира да проигра некој кој е во поповолна позиција. Просто речено не може да ја свати филозофијата ниту пак има предиспозиции за играта на Барса. се сеќаваме колку Анри се мачеше да да свати што е поентата на играта. И никогаш не достигна да игра ни проиближно како во Арсенал. Впрочен е многу лесно и да се предвиди кој фудбалер би ги оправдал парите при трансфер во Барса, и во однос на тоа многу ми се чудни некои потези кои ги правеше и Лапорта па и сега Росел кога се купува фудбалер. А скенерот што поминува а што не е патентиран токму од нив.

Многумина оможат да увидат и забележат кои се тајните на успехот но неможат да ги применат од причина што како што реков најпрво, играта е стварана низ комплексен процес на селекција на фудбалери и тренежен процес

* Трошењето на мегабајти на интернет е привилегија и се користи умно и нтелигентно. Пацерски коментари се отслик на капацитетот на личноста која ги остава. Се коментира на нешто што е поставено како тема. Кога некој ќе те праша како се викаш не му одговараш како го имаш добиено името или како би сакал да се викаш. Ако немаш што да кажеш на конкретно поставеното прашање не ја истакнувај својата неукост и ограниченост, подобро премолчи. Сексуалниот набој или фрустациите не се трошат на прозорчето за коменитање, има други начини.

Tuesday, January 25, 2011

.::СВИ У НАПАД::.

Ден за ден, лудило. Шпански медиуми, штампа, тренери,фудбалери..... Изјави на ниво ко да си во собрание тука кај нас. Не се знае кој што збори, кој кому мајка дупи.Секој да продаде весниче плус ко газда да им е Велија, секој да добие внимание на туѓ грб.

Жозе Мурињо бил трн во очите на сите. Жозе Мурињо е легенда сам по себе. Проблемот е друг, проблемот е Реал Мадрид. Реал Мадрид со Жозе Мурињо тоа само по себе иритира. Зависта е страшна работа. Реал Мадрид е свиркан секогаш, не само сега со Жозе Мурињо и Роналдо , секогаш. Одговорот е завист. Нема клуб кој е подобро пречекан на друго место како во Мадрид. Дали знаете стадион на кој се веат знамињата на сите прволигаши. Кој и да се движи од Конче Еспина преку раскрсницата на булеварот кон паркингот ќе го види Сантиаго Бернабеу пред себе со закачени 20 знамиња на прволигашите кои таа сезона играат во Примера. Дали го има тоа на Калдерон, Сан Мамес, Камп Ноу??? Дали на некој друг стадион некој аплаудира на противнички фудбалер од причини што ја поразил домашната екипа, дали некој крши авотбуси во 21 век во Мадрид на противници??? Дали јаде некој повеќе ќотек од фудбалери на Реал Мадрид на гости??? Кој е тогаш проблемот ? Веќе реков,завист.

Мануел Пресиадо алиас Шоиќ- Тесна Кожа го осоколи неговите гладијаторчиња жестоко и со полн капацитет да ги пречекаат на копја Мадриљеноси на Ел Молинон. На нож го пречека Жозе Мурињо, влезе во конфликт сакајќи и тој сирот да добие некое внимание. Тогаш ја виде шансата и тој да биде на насловна у новина. Помина и тоа што помина, ќотекот, лактите, стартови кои иницираат повреди. Сега Шоиќ сака пак внимание зошто догодина иде во Сегунда, па додека може пак да има негова слика некаде во медиум, зазадњи пут. Сега дава изјава од типот дека Жозе е најдобар на Свет дека имал само добро мислење и дека би сакал некогаш да испие пиво-две со него, а сметката да ја плател Жозе бидејќи имал поголема плата. Не пријатељу. Пиво ќе пиеш со Јосеп у првиот кафич лево од Плаза Каталуња кога гледаш од Рамбла, на мој рачун.

Јосеп пред некој ден изјави дека Жозе е најдобар на Свет.Интелигентен момак. Дава изјава од една страна која навидум може да се толкува како поштовање. Од друга страна пак одважно и кратко со сиот кредибилитет бидејќи не тепаше 5-0 си игра мајтап. Како и да е. Жозеп зборува а некој треба да ја прочита неговата изјава меѓу редови. Битно мене ми се допаѓа. Има мадиња и стил за психолошка игра и со опонентот и со медиумите. Кога Жозе го прави тоа, околу некоја негова изјава коментар дава и оцрнува и помошникот на Леванте, кабинерот од Ел Мадригал, баба му на Хесус Навас...

Мурињо својот профил и достигнувања ги градеше во Англија каде е основно и нормално менаџерот да е Бог и батина. Така се однесуваше во Интер , така се однесува и сега.Ги штити своите фудбалери и грбот кој го брани. Кога неговите фудбалери даваат максимум и се тепани на терен или во тежок меч не му се досудат пенали или му се доделат неоправдани картони и санкции нормално е да реагира. Квалитетот се подобрува со оправдана критика. А судиската организација бурно реагира на сето тоа. Дали некој од судиска федерација се извинил некогаш на Реал Мадрид, Леванте, Барселона, кога екипата ќе биде драстично оштетена од нејзин судија. Фер ли е да изрекуваш дисциплински зошто некој коментирал неправда, а немаш доблест ни да се извиниш за сторена штета.

Дали некој ќе го санкционира видео спотот како увод за мечот Севиља-Реал. Клипот во кој фудбалерите се претставени како племеснки воини пред битка.

http://www.youtube.com/watch?v=kL4qPLhPstk

Каква ќе беше реакцијата на клипот да беа Рамос, Пепе, Роналдо, Лас, Мурињо? Може и да се претпостави

Останува заклучокот: Свештениците од ФК СВЕТИ ОЦИ да играат за Реал, крлежите секогаш ќе останат крлежи, а Реал главниот виновник и противник кој треба да искрвари вака или онака.

Monday, April 5, 2010

Класикото пред Камп Ноу или Бернабеу - бесценето


Пар денови пред дербито, опуштено, релаксирано, а потсвесно мозокот почнува да врие, да крчка да бара формации, решенија, може овој да даде повеќе оној е боље солуција, нека го скрпат овој да игра, оној дај боже да неигра.... Абе филм, убав, тензичен со хепи енд али не, не е толку битно бар за трип постов, за флуидот пред дербито, за деновите кога устата се собира како лимон, кога излагаш надвор од себе и сам себе се тапшаш по рамо,ќе биде ќе биде ќе паднат мариконите... Убавини, но какви се само тие убавини кога ги доживуваш пред Кампот а за мене уште поблагопријатно пред Сантијаго, кога ги обиколиш мегаструктурине, бетонскине храмови подмочан у гаќи вртејќи со торбулето, толку занесен што малите хуманитарни рекетари од уницеф ти збираат евро по евро без да осетиш. Штета што за време на ова класико нема да се бревта мадридскиот ваздух, но не испадна не се испалнираа пари ко што треба, а пари требаат не е ова дербино на мадонина да гледаш лагано за ситна пара, 800 евра само тикет, да тииикет да седнеш за претставата, а претставата невидено нешто, вреди за секој цент.

Се присеќам на Ноември, лани, со Мариконот и Срамежливиот шпартаме ден за ден, се ближи дербиno се меша атмосферата се диши потешко каталонски ваздух, весниците прштат наоколу, тезгине пуни, со развиорени бајрачиња...

Ех а како ќе беше сега, пролетно у куси гаќи у Мадрид, каков само план имав... Си купуваш тикет од тука, пошто на мене ниеден шиткач пред стадион нема да ми продаде карта, имам оштра фаца бегаат, мислат дека ќе ги апсам, чудесии, палиш патичињата поминуеш циганска граница, леташ од Софија за ситна пара, и стасуеш у Мадрид. Слетуеш бате ама сега кур те боли, знаеш се, си чекаш аутобус на аеродром зашо 20 евра за такси да си даваш, успат си земаш карта за метро и трамвај и карта со рута и стрпливо си чекаш, опуштено како да си на рекорд.

Си се сместуеш у хотел, гзето не те држи маваш туш и палиш патичињата. Се качуеш у метро, трамвај или аутобус , околу тебе не толку грди ликови како у Барселона, овие некако поладни на северов ама поубави, побели, ја стегаш таа шипката за држење и со начулени уши слушаш известување за секоја станица на која застануе возилцето у кое си качен и за секоја наредна шо следи. Околу тебе бледи сталожени културни ликови, никој не ломоти за Грујо, за ватрогасни уреди, внимателно чекаш да слушнеш: просима парада, Конче Еспина. Слушаш тој чичето од касетата ја изговара магичната станица погледнуеш лево десно, и ти иде у пичку матер да им кажеш на сите околу тебе, да да за тука сум тука се симнувам за на Сантијаго сум :)))))

А Сантијаго ете го пред тебе, го гледаш и те влажни поише од Шерон Стоун коа ги прекрстуе нозене. Да отидев и овај пат ќе си земев онакво малечко рибарско на расклапање столче да си седнам пред стадионче на паркингот на ширинката, и како Колозов да си се осеќам како крал, додека сонцето ме гали. Откако неколкупати ќе се разлигавам, си ја вадам картичката и си влагам у Бернабеу. И уште еднаш ги раширувам рацете и правам уште една антологиска фотографија сега со кратки ракавчиња и мадридиста татуто у кадар. Се симнуеш надоле, седнуваш на столчето на Пелегрини вадиш тутун го залижуваш од сите страни и палиш, палиш и праиш фаца како Клинт Иствуд а зимаш дим, така сласно, у филм таква сцена неам видено. А за сето време у гаќи си утоп :))))))

И тука веќе почнува брејнстормингот, на столчето тапацирано седиш и мислиш, да го стаи Гути од прва минута или второ да размрда играта, Гранеро никако, да ја зјача левата страна со Арбелоа или да го пребаци Рамос на лева штоперска да му помага на оскудниот назад Пантлика( Марсело). И се ежиш, си се накострешил у тие моменти како еж, па седнуеш на задните кај шо ќе седи Раул за дербито и гледаш и пак мислиш од негова персектива. Мислиш пред празни трибини а го гледаш игралиштено пред полни седишта, како грми Мадрид Мадрид од илјадници грла...

Е тоа е тој доживљај, за малку ми избега годинава, но класико у пролет или рана есен на Бернабеу догодина чекај ме